(Видео): Заштитна ограда што ќе спаси многу животи

Секоја инвентивност што може да спаси животи е добредојдена во сообраќајот. Компанијата ETI CO LTD од Јужна Кореја измисли „умна“ ограда која е составена од пластични вртливи делови во вид на тенки буриња.

Кога возило доаѓа во контакт со оваа ограда, едноставно продолжува да се лизга наместо да излета надвор. На тој начин возилото останува на патеката, односно патот и има време за дополнителна реакција и сопирање.

Системот е веќе тестиран и покажува одлични резултати.