(ВИДЕО): Војници расклопија Jeep за една минута

При замена на сијаличка кај автомобилите од денешницата е потребно да бидат барем пола расклопени за да може да се заврши работата. Притоа се троши многу време, а некогаш за тоа време автомобилот можеше да се расклопи на мали делови.

Тоа го презентираа и војници од Канада. Осуммина за помалку од минута расклопија класичен Jeep, а притоа не се брзаа премногу. Откако го тргнаа капакот од мотор и маската, во еден потег отиде и целата каросерија. После тоа за помалку од минута остана само рамката.

Неколку штрафа подоцна се одвојуваат од осовината, а потоа на ред дојде и моторот.

Се работи за осум техничари, а Jeep е посебна верзија на Jiffy Jeep, кај кого е олеснето расклопувањето. Иако видеото рае една минута точното време за расклопувањето и новото склопување е две минути и 39 секунди. Дефинитивно бројки кои се импресивни.