(Видео): V8 мотор – идеален додаток за вашиот камин

Зимата е периодот кога секогаш на маса се ставаат прашањата за затоплување на домот.

Иако постојано се дискутира кој е најефикасниот начин на затоплување на домот, дрва, пелети или струја, а на крајот сметките скоро се изедначини, сега можеби е вистинско време за нешто радикално.

Всушност за најефикасниот начин можеби ќе ви биде потребен само еден обичен камин V8 мотор од Ford Mustang GT од 60-те години на минатиот век. Овој 5.0 литарски мотор покрај тоа што врши неверојатна работа под хаубата на Mustang, има една помалку позната намена, а тоа е додаток на камин.

Дека навистина овој мотор придонесува за одлични затоплувачки перформанси може да се види од видеото кое се појави на интернет.

Ако ништо друго барем сега знаете како да го искористите стариот мотор од вашиот автомобил.