Кога недостасува адреналин тогаш се изнаоѓаат најразлични предизвици кои ќе ве држат на работ на освојување на нови висичини, или патеки. Кога зад управувачот го имате Марк Хигинс, трикратниот првак во рели во В.Британија, кој зад себе има и многу каскадерски ситуации во филмовите на Џемс Бонд, тогаш неговата цел со сигурност нема да биде обична.

Со возилото Subaru Impreza WRX STi се обиде и успеа да ја мине патеката за боб во Сент Мориц во Швајцарија. Автомобилот единствено имаше дополнителни гуми со клинци, и вграден заштитен кафез во внатрешноста.
Во каква ситуација стигна возилото на целта можете и самите да видите. Адреналин не му недостасуваше на Хидинс.