Беше еден од првите што го возеше Jaguar F-Pace лани, а сега Жозе Мурино, тренерот на Манчестер јунајтед се појавува во новата реклама на знаменосецот на компанијата, XJ.

Наместо да го зграби воланот самиот, професионалниот фудбалски менаџер и поранешен играч се провозе низ Манчестер со XJ имајќи и мотивациски говор.

„Jaguar за мене претставува страст и перформанси. Една работа е да играш за клуб, или да тренираш клуб, а друга е да играш или тренираш со страст, и чувство за страст. Мислам дека и возилата на Jaguar се вакви. Ја чувствувате страста дека вложувате во нивните возила, изјави 54 годишниот Португалец.