(Видео): Слеп возел Honda NSX со 244 км/ч

Турскиот оддел на сајтот Motor1 му го оствари сонот на 40-годишен слеп психолог за да учествува во тест возење. Левент Карадол го изгубил видот кога имал само седум, но неговата страст кон брзини никогаш не згасната.

Откако спомнал во еден од коментарите под видео на YouTube дека цел живот сакал барем еднаш да седне зад воланот на навистина брз автомобил, Левент добил покана да ја тестира Honda NSX, чија цена во Турција е речиси 1 милиони долари.

Светскиот рекорд за брзина за слепи лица му припаѓа на Белгиецот Лук Костерманс кој остварил брзина од 308,78 км/ч. со Lamborghini Gallardo во 2008 година. Рекордер кај слепите моторциклисти е Австралиецот Бен Фелтон со Kawasaki Ninja ZX-10R со 269 км/ч.