ВИДЕО: Саемот за автомобили во Париз во 1998 година

Додека сите погледи се насочени кон саемот во Париз каде се прикажани моделите на иднината, време е за малку историја.

Саемот за автомобили во Париз е најстариот саем за автомобили во светот. За прв пат се одржал во далечната 1898 година, а најзаслужен за тоа бил Алберт де Дион, пионерот на автомобилската индустрија во Франција. Иако во текот на годините, саемот ја менувал своојата локација, сепак, тој останал на територијата на Париз, а воедно поради популарноста прераснал во симбол на француската престолнина.

Од 1998 година овој саем добива биенален карактер односно се одржува на секои две години.

На видеото погоре е прикажана репортажа од саемот за автомобили пред 20 години односно од 1998 година. На истото се прикажани неколку возила како BMW M5, Honda, Accord, Honda Logo… Тука се и француските модели Renault Vel Satis, Renault Clio V6, Peugeot 206 како и неколку концептни автомобили.