(Видео): Реклама на Audi направи меѓународен скандал

Во време кога секој се обидува да биде по оригинален при промоцијата на моделите, креативноста ги надминува и границите, па несвесно се повредуваат одредени групи на луѓе, поединци … Така се случи и при најновата реклама на Audi лансирана во Кина.

Се работи за видео за новиот Q5 после чие објавување имало лавина реакции од борците за женски права. Образложението било едноставнo – жените да не се третираат како продавање на половен автомобил.

На видеото се гледа како церемонија на венчавање е прекината од страна на мајката, која откако ќе изврши преглед, со поглед во внатрешноста на устата, носот дава одобрение дека може младите да се венчаат.

Останува самите да пресудите дали навистина има омаловажување, а борците за женски права секако ќе се обидат и на суд д аги докажат своите аргументи.