(Видео): Последниот круг на Розберг со W07 заврши со селфи!

Нико Розберг заминува во пензија, а пред да му каже збогум на возењето во Формула 1 го извозе последниот круг со болидот на Mercedes W07. Истовремено си направи и селфи, иако возењето со голема брзина и сликањето со мобилен е повеќе од опасно.

Тимот пак го стави видеото на официјалниот Youtube канал, што е малку контроверзно со оглед на тоа што сите предупредуваат дека е опасно возењето и правењето селфи.