ВИДЕО: Направила сообраќајка па и го демолирала автомобилот

Несекојдневно видео ни доаѓа од Мексико. Како што може да се погледне од видеото, но и според пишувањата на Њујорк Пост, жена на средна возраст од Мексико откако направила сообраќајка излегла од возилото и со палка го уништа другото возило.

Очигледно сударот тешко и паднал па така оваа жена во целост го демолираше кабрио изведбата на Golf 4 на другата жена.

Но тоа не е се! Пред бројните сведоци, по неколкуте удари со шипка, жената влегла повторно во својот автомобил и повторно го удрила Голфот.

Засега нема инфо дали жената е идентификувана и дали против неа ќе биде покренета соодветна пријава.