(Видео): Направија Bugatti од лего коцки – може и да се вози

Лего знае често да изненaди со тоа што токму од малите познати коцки се прават различни фигури, но овојпат отидоа многу подалеку. Bugatti објави дека како резултат на соработката со LEGO Technic, беше создаден уникатен модел со реални димензии на моделот Chiron. Поинтересната особеност на новиот проект на двете компании е тоа што возилото може да се движи и управува, а во исто време има и патник.

За макетата на Chiron се искористени повеќе од 1 000 000 коцки Lego, а задвижувањето се остварува преку мотори од платформата LEGO Power Function.

Во конструкцијата се интегрирани вкупно 2304 моторчиња и 4032 зглобни тркала, а резултат на тоа е вкупна тежината на возилото од 1,5 тона. Возилото располага со 5.3 коњски сили и вртежен момент од 92 Нм. За време на тестот, автомобилот издржал до брзина од над 20 км/ч.

Во конструкцијата на модел на Lego и Bugatti биле користени повеќе од 330 различни по вид и значење елемент, а за реализација на проектот потребни биле потребни повеќе од 13. 000 часа развона дејност и склопување.