(ВИДЕО) Mercedes-AMG E63 S стана хит со 307 км/ч на автопат

Перформансите коишто ги покажа новиот Mercedes-AMG E63 S навистина се неверојатни бидејќи успева да развие брзина од 100 километри на час за само 3,5 секунди. До ова успева да стигне благодарение на моторот кој има 612 коњски сили и 850 Nm вртежи. Дека се работи за супер-брз автомобил покажува и фактот што верзијата Estate успеа да стигне до најбрз круг на Нирбургринг со време од 7 минути 45 секунди и 19 стотинки. Притоа беше достигната и максимална брзина од 270 километри на час.

Дека Е63 S може уште побрзо се гледа и на видеото подолу каде на автопат возилото надминува 300 километри на час и достигнува дури 307 км/ч.

Останува да се види како ќе се снајде против BMW M5, автомобил кој е негов најголем предизвикувач за тронот и ривал од иста класа.