(Видео): Лудак или не – со 300 км/ч. ноќе возеше Porsche

Таканаречените безлимитни германски автопатишта се вистинско место за сите зависници од брзината. Еден од таквите е и засега непознат возач кој со своето ново Porsche 911 GT3 RS во ноќни услови го “нагази” до 300 km/h што секако е еден од рекордите на отворени, јавни патишта.

Инаку овој модел на Porsche располага со 512 КС и според податоците до стотка забрзува за 3.2 секунди, а истото е овозможено благодарение на 4.0 литарскиот мотор најмоќен од сите досегашни модели почнувајќи од 1999 година па се до денес.

НАПОМЕНА: Не го правите ова на македонските патишта