(Видео): Колку возачи во Ф1 имаат милионски плати сезонава

Луис Хамилтон на две трки до крај на сезоната ја освои својата четврта шампионска титула во Формула 1. За тој успех ќе добие соодветни бонуси од тимот на Mercedes и од спонзорите, а во иднина секако ќе му донесе и нови приходи. Но, тој не е најбогатиот возач во Ф1 сезонава според платата то ја добива.

Не мора да бидеш најдобар според резултатите за да заработуваш најмногу. Тоа барем го знае Фернандо Алонсо кој има дури 9 милиони долари повисока плата од Хамилтон. А возачот на McLaren e далеку од оној стар Алонсо кој беше светски првак. Но, McLaren верува во него.

Низ ова видео погледнете колку заработуваат сезонава возачите во Ф1.