Има некоја мода во последно време да се зборува против дизелските агрегати, но тие секогаш покажуваат дека се многу полезни. Истовремено и силни, па можат да покренат и голем товар. Ако возилото има шест цилиндри и работна зафатнина од три литри, дава 600 Нм вртежен момент, тогаш колку камионски приколку може да повлече:

За да го покаже ова Land Rover уште еднаш докажа дека е вистински цар меѓу возилата што се подготвени и способни да влечат товар. Уште од 1989 година кога моделот Discovery влечеше неколку вагони.
Но времињата се менуваат, возилата стануваат пософистицирани и посилни, па се зголемува и бројот на вагони (приколки).

Лани Discovery повлече три луксузни вагони тешки 100 тони. Сега постави нов рекорд повлекувајќи 110 тона. Влечеше седум приколки, а возилото немаше никакви модификации, туку станува збор за сосема регуларно возило што се продава во салоните.