Колку силно треба да биде возило за да може да влече огромна „грдосија“ долго 72 метра и тешко 285 тона. Porsche покажа дека има доволно моќно возило што може да се справи со авион Airbas A380. На тој начин постави нов светски рекорд признаен од страна на Гинис.

Toj e еден од најголемите авиони досега направен. Двоспратниот Airbas е тежок 285 тона, засенувајќи го Boeing 747. Во моментов А380 е втор најмасивен авион по Antonov An-225 Mriya карго.
И покрај овие огромни габарити Cayenne успеа да го влече А380 дури 42 метри. Цената на Airbas A380 e 437 милиони долари.

Тоа му успеа на моделот Cayenne S Diesel опремен со 4.1 литарски V8 мотор со 380 КС. Моделот што се користеше беше стандарден што се продава во салон, со единствена промена околу делот за влечење. И за да се покаже дека возилото не е оштетено, истото беше вратено во Лондон од каде што и беше позајмено.