Во април Toyota промовираше проект за нулта емисија наречен Project Portal, полуавтономен камион што користи хидроген , а летово е дел од физибилити студија. Покрај тоа што не испушта штетни гасови, камионот на Toyota што користи горивни келии има и друг апредност над традиционалнит екамиони со дизелски мотор.

Видеото тоа го покажува, овие камиони се многу побрзи на стартот. Можеби некој ќе се запраша што е толку важно дали овие „зелени“ мотори се побрзи, но всушност станува збор за тоа дека не секогаш она што се нарекува еколошко или зелено значи дека е поспоро.

Електричниот мотор на Toyota Project Portal дава максимален вртежен момент и забрзување од самиот почеток, за разлика од дизелските мотори кои најчесто имаат 18 брзини. Toyota има само една брзина.