(Видео): Кога аматери глумат професионалци

Патеката Нирбургринг во Германија е позната по тоа што на најезе речиси сите компании ги тестираат своите возила во однос на брзинските тестови. Но, на истата патека можно е и приватни сопственици да ги возат своите возила. Тоа се т.н. „отворени денови“ за непрофесионалци.

А кога аматери сакаат да глумат професионалци тогаш не ретко има и незгоди. Многу возила завршуваат со дефекти или пак излетуваат. На некои делови од патеката на трибините има и многу луѓе, особено на местата за кои се знае дека се опасни и каде најчесто има излетувања.

Во ова видео можете да видите дел од инцидентите и несреќите на патеката и тоа само во 2018 година. Се разбира немојте да правите работи за кои не сте подготвени, ниту вие ниту вашиот автомобил.