(ВИДЕО) Kако навечер Porsche 718 Cayman GTS „дига“ 290 км/ч

Porsche 718 Cayman GTS важи за најмоќниот модел во гамата на германскиот производител. Со максимална брзина од 290 км/ч овој автомобил може и тоа како да го зголеми адреналинот кај вљубениците на брзите спортски автомобили.

На интернет се појави видео од ноќно возење на Porsche 718 Cayman GTS со 2.5 литарски турбо мотор со моќност од 365 КС. На видеото се гледа како до 100ка забрзува за 4.3 секунди, а максималната брзина која ја достигнува изнесува 290 км/ч.

Доколку сте воодушевени од звукот и перформансите на овој автомобили истиот може да биде ваш за не помалку од 84.430 американски долари.