(Видео): Како изгледа најстаратa Ford Fiesta во Македонија по комплетното реставрирање

Обележувајќи го 40 роденден на моделот Fiesta, македонскиот импортер за возилата Ford, Ми-Да Гранд Моторс се потруди да ја пронајде најстарата Fiesta во Македонија, а на сопственикот му вети дека ќе ја врати комплетно реставрирана, разубавена…

Ветеното беше исполнето. По пет месеци работа успешно заврши „Потрага по најстарата Фиеста во Македонија“. Пред пет месеци во салонот на Ми- Да Гранд Моторс беше презентирана пред јавноста во својата првобитна состојба најстарата Ford Fiesta Македонија, сопственост на семејството Тодороски од Скопје.

Петмесечниот процес на обнова на ова возило било навистина макотрпна работа за целиот тим на Ми- Да Гранд Моторс.

„И после 40 години ние се грижиме за сопствениците на возилата коишто сме ги продале. Со оваа активност го одбележавме историското значење на овој модел Фиеста“ – Дритон Заири, генерален менаџер.

Возилото кое го врати својот сјај беше најстариот модел на Форд Фиеста кој е убедливо најпродаван од својата класа во Македонија, но и во Европа.