(Видео): Како изгледа автомобил од 13 милиони долари?

На познатиот натпревар Concorso d’Eleganza Villa d’Este на езерото Комо секогаш може да се видат интересни модели, ексклузивни и уникатни. Еден од тие е Rolls Royse Sweptail кој е направен за посебен купувач, и кој вреди околу 13 милиони долари.

Нема официјална потврда за вредноста, но извршниот шеф на компанијата, Торстен Милер Отвос изјави дека е „значително скап, сначително скап“.

Интересно е што надворешноста е како регуларен Phanton Coupe, но затоа внатрешноста е по специјална нарачка, инспириран на моделите на Rolls Royce од 20-те години од минатиот век и луксузните јахти.
Од самата предница каде доминира големата решетка се забележува дека тоа е сигурно една од најголемите што воопшто е вградена во некој автомобил, па новите светла и редизајнираните браници. Задниот дел, и внатрешноста е значително различни.

Но, најдобро да го погледнете видеото.