(Видео): Како Audi S4 B5 со 1.000 КС забрзува до 300 км/ч

Автомобилските ентузијасти од тјунинг работилницата Hannover Hardcore го создадоа најбрзиот Audi S4 седан во Германија. За да го носи епитетот “најбрз” под хаубата вградија 2.7 литарски bi-turbo бензински мотор позајмен од Audi RS4 кој располага со неверојатни 1.000 КС.

Покрај промена во моторот и неговите спецификации, во работилницата работеле и на промена на други бројни делови како што е турбополначот, бризгалките, пумпата за гоиво, интеркулерот, сопирачките, клиповите и останатите пропратни делови. Во внатрешноста пак има минималните промени.

Истовремено на YouTube се појави видео од забрзувањето на овој модел до 300 км/ч, а како се изгледаше и дали се исплатеше работата на овие момци погледнете на видеото.