(ВИДЕО) Иста марка, различна година: Кој модел е побезбеден при судир?

На снимката е прикажан директен судир на два автомобили од иста марка. Се работи за судир на две возила Toyota Corolla, но со разлика во производството од 17 години.

Едната е произведена во 1998 година, а другата во 2015 година. Судирот е при брзина од 64 километри на час.

Оваа ситуација е дел од кампањата зад која стои ANCAP (Australasian New Car Assessment Program), а е дел од одбележувањето на неделата на безбедност на патниот сообраќај.

Со оглед на тоа што производителите денес даваат многу поголемо внимание на безбедноста во однос на порано автомобилите во последните 20 години станаа посигурни отколку порано, па затоа е направен и овој тест.

Од ова поука може да извлечат особено оние лица кои веруваат во својот стар автомобил и ретко кога се решаваат да си земат понов модел.