Страотна сообраќајка – со 200 км/ч се заби во камион

Страотна сообраќајна несреќа се случи минатата недела во Украина. На автопат во оваа источноевропска држава, во ноќни услови, автомобил Volkswagen Touareg се заби во камион.

Според истрагата спроведена од надлежните украински органи, возачот на Touareg-от при судирот возел со брзина од 200 км/ч што е далеку од максимално дозволените 130 км/ч.

Како изгледал судар можете да погледнете на видеото прикажано погоре, а кое треба да ве предупреди за можните последици при непочитувањето на сообраќајните правила.

Некогаш не зависи само од вас, туку и од другите учесници во сообраќајот. Затоа подобро е вие да возите според правилата за да не бидете изненадени од некоја ситуација како возачов на автомобилот.