Lotus се посрамоти на „Нирбургринг” (ВИДЕО)

Големите очекувања во Lotus од моделот Exige паднаа во вода откако имаше целосно потфрлање на „Нирбургринг“ каде еден круг беше завртен за 7 минути и 48 секунди. Модификацијата Cup 380 имаше една секунда послабо време од Volkswagen Golf GTI Clubsport S и дури цели четири од Honda Civic Type R.

Lotus Exige Cup 380 е опремен со шестцилиндричен мотор од Toyota со механички компресор. Бројката 380 одговара на моќноста на моторот (380 коњски сили), а може да достигне брзина до 100 километри на час за 3,4 секунди. Максимално може да достигне до 282 километри на час.

Модификацијата Cup 380 излезе на пазарот пролетва и има само 60 примероци, а до минатиот месец беше најекстремниот цивилен Exige. Минатиот месец во продажба се најде верзијата Cup 430, а производството нема да биде ограничено.
Цената на Cup 380 е 94.712 евра.