Има ли побрз: Ова e најбрзиот Golf 3 на светот?

Познато е дека најстраствените љубители на автомобили се оние на Golf. Токму поради тоа денес имаме бројни песни, бројни филмови посветени на овој легендарен модел на Volkswagen. Некои ентузијасти, сопственици на Golf во своите гаражи прават вистински чуда со можностите на овој модел.

Последното видео кое се појави на интернет, а во кое главна ѕвезда е Golf 3, повеќе од сигурно дека ќе ви го покачи адреналинот. Главна ѕвезда во видеото е тјуниран Golf 3 кој верувале или не, располага со 1.600 КС.

На патеката овој автомобил ги помина оние 402 метри за само 9 секунди. Иако немаме информации дали ова е најбрзиот Golf, сепак можеме да потврдиме дека е најбрзион со кој ние се среќаваме.