Еве решение за некултурните пешаци – вака се справуваат во Париз

Многупати причина за сообраќајаните незгоди се токму пешаците и нивното неодговорно, па и некултурно однесување. Тие најтешко се „воспитуваат“ па затоа повеќемина вината ја префрлаат кај возачите. Но, како со ваквото неконвенционално однесување на пешаците се справуваат во другите земји и градови.

Речиси две години во Париз се борат со нарушувањата на пешаците на улиците со нестандарден приод. До пешачка патека во центарот на француската престолнина е монтиран билборд со виртуелни можности.

Кога некој се одлучува да премине на црвено светло билбордот испушта звуци, имитира сопирачки на возило кои се вистински и изгледа дека возилото е веднаш до вас. Истовременосо тоа се прави и фотографија на сторителот во стил “Скриена камера”, се појавуваат на билбордот со натпис: “Не ја гледајте смртта во лице. Погледнете го семафорот и преминувајте безбедно”.

Се очекува преголема ефект од виртуелната несреќа да влијае поволно на безбедноста во сообраќајот во Париз, каде што секоја година загинуваат меѓу четири и пет илјади пешаци.