ВИДЕО: Како Audi го развиваше e-tron

Не е тајна дека e-tron е адутот на Audi за 2019 година во сегментот на електричните автомобили.

Во таа насока, по бројните видео презентации, произвводителот од Инглоштад ја прикажува целата приказна околу овој модел во 40 минутно видео објавено на официјалниот YouTube канал на германскиот производител.

Во видеото е прикажан развојот на овој модел ,секвенци од тестирањето како и изјави на главните актери во создавањето на овој модел.

Инаку E-Tron доаѓа со бројни технолошки иновации. Најпрво, наместо ретровизори ќе има странични камери кои ќе продуцираат слика на OLED екраните поставени на внатрешната страна од предните врати. Со вградената батерија овој автомобил може да помине до 400 километри, а двата мотори продуцираат над 400 КС што го прави доста моќен автомобил.

Почетната цена за основниот модел во Германија започнува од 79.900 евра, а за да го нарачате ќе мора да издвоите симболични 1.000 евра од вашиот буџет.