Започна производството на Toyota Corolla

ОБЈАВЕНО НА:

Иако првично беше планирано дека нема да се произведува во Велика Британија, сепак во фабриката на Toyota Motor Europe во Брнастон (Велика Британија) во присуство на Џон ван Цил, прв човек на европската дивизија на Toyota и амбасадорот на Јапонија во Велика Британија, Коџи Цуруока означен е почетокот на производството на Toyota Corolla.

Хечбек изведбата со кодно име E210 започна да се произведува во оваа фабрика во очекување истото да се случи и во тојотините фабрики во Јапонија, САД и Кина, додека седанската изведба наскоро ќе започне да се произведува во турската фабрика во Сакарја.

Овој модел се темели на TNGA платформата, а во понудата доѓа со пет мотори достапни на бензински и хибриден погон со мануелен и автоматски менувач.

Во продажба овој модел во Велика Британија и останатите земји од регионот ќе се најде на почетокот на следниот месец додека оваа пролет ќебиде достапна за купување и во Македонија. Цената на основниот модел ќе изнесува 20,990 фунти во Велика Британија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK