VW планира да произведе 15 милиони електрични автомобили на MEB платформата

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Групацијата не ги крие своите амбиции за тоа а прерасне во лидер во поглед на прoизводството на електрични автомобили. За тоа веќе во изминатите месеци не само што објави премиерно неколку електрични автомобили туку и ги откри плановите за наредните неколку години.

Сега, германскиот производител објави дека до 2023 година планира да произведе 15 милиони електрични автомобили кои ќе се базираат на новата MEB (Modularer Elektrobaukasten) платформа, пренесува Ројтерс.

MEB платформата ја има неопходната архитектура која поддржува електрични автомобили. Иницијално е создадена за т.н. I.D. линија на електрични автомобили на Volkswagen, а (ќе) се користи и за модели на останатите брендови Audi, SEAT и Skoda.

За реализацијата на оваа цел, Volkswagen веќе инвестира 12.5 милијарди американски долари за неопходната технологија и дополнителни 10 милијарди во текот на наредните пет години за поддршка на тековните производствени процеси.