VW Групацијата со нов рекорд во поглед на продажбата

ОБЈАВЕНО НА:

Се чини дека ниту аферата “Дизелгејт”, ниту пак бројните повлекувања на возила и казни на сметка на неисполнувањето на еколошките барања не се доволни за да го запран трендот на зголемување на продажбата.

Последните перформанси во поглед на продажбата покажуваат дека VW Групацијата во периодот јануари-август има остварено продажба на 7.302.500 возила што претставува зголемување од 7.5% во поглед на истиот период минатата година ,а воедно и рекорд кога е во прашање продажбата на оваа Групација.

Најголем процентуален пораст на продажбата во август е остварен во Бразил каде продажбата е зголемена за 30%, додека пад единствено има во Кина, од 0.3% и Северна Америка од 4.1%. На глобално ниво забележан е пораст од 6.8%. Во однос на периодот јануари-август, минусен пораст има само во Северна Америка и тоа од 0.2% додека најглем процентуален пораст повторно има во Бразил и тоа од 26%. Потоа следи Русија со 19.5% и на ниво на цела Јужна Америка каде порасот изнесува 13.3%.

На ниво на брендови, во август освен комерцијалните возила на Volkswagen, сите имаат остварено пораст на продажбата во однос на август минатата година. Најголем процентуален пораст има кај SEAT и тоа од 38.9%, а потоа следи Porsche со 23% и MAN со 19.5%.

Гледано на период од јануари до август, сите брендови бележат пораст на продажбата, а во апсолутни бројки, најголем дел од продажбата доаѓа од продажбата на Volkswagen автомобилите кои се продадени во 4.137.900 единици. На втората позиција е Audi со продадени 1.268.600 автомобили додека на третата позиција се наоѓа Skoda со продадени 844.200 автомобили.

Од VW Групацијата се уверени дека до крајот на годината ќе успеат да постигнат нов рекорд во поглед на годишната продажба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK