Втора најдобра година за Rolls-Royce

ОБЈАВЕНО НА:

По вторпат во историјата Rolls Royce испорачува повеќе од 4.000 возила годишно. Во 2016 година од фабриката излегле 4.011 возила што нашле свои сопственици што е повеќе од лани, но зад рекордот од 4.063 од 2014 година.

Податоците покажуваат скок од 6 отсто во однос на 2015 година, и ланските податоци се однесуваат на глобалната продажба вклучувајќи го и Блиски Исток.

Во Европа испораките се зголемени за 28 отсто, додека во Америка тој пораст е 12 отсто. Најголемиот скок лани беше во Јапонија каде имаше зголемување од 51 отсто.

Според британската компанија главна причина за порастот е понудата на Rolls-Royce Wraith и Ghost, како и на моделот Dawn.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK