Враќал километражи – го уапсиле и му се заканува 30 години затвор

ОБЈАВЕНО НА:

Опомена до сите оние кои со враќање на километражи ги измамуваат купувачите и продаваат повозени како помалкувозени автомобили, пристигнува од САД.

Како што соопштуваат тамошните медиуми, еден трговец на половни автомобили со цел полесна продажба на автомобилите ги враќал километражите и до 200.000 километри. Со ова, извозените и амортизирани автомобили ги прикажувал како помалку возени и доста сочувани.

Обвинетиот Ренди Грин од Алабама измамата ја направил на најмалку 12 возила во периодот од 2014 до 2016 година. Тој оваа постапка ја правел целосно свесно, а при тоа благодарение на оваа измама се стекнал со дополнителни приходи од нешто повеќе од еден милион американски долари.

Локалното обвинителство пред само неколку денови покрена обвинителен акт, а Ренди Грин во моментов се наоѓа во притвор. На него ќе му се суди по 15 различни точки од американските затвори. Оттука му се заканува казна затвор од максимални 30 години и дополнителни 250 илјади долари по основ на судски трошоци и нанесени штети.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK