Volvo го претстави камионот на иднината (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Беспилотниот влекач кој го има добиено името Vera и според неговите создавачи од Volvo Trucks е целосно компатибилен со постоечката инфраструктура и со важечките товарни приколки.

Се напојува со електрична енергија и е поврзан со облак, способен постојано да ја анализира сообраќајната состојба, како и да ја утврди локацијата на возилото до сантиметри.

Други предностите на камионите без возач, Vera се и поголемата товарна носивост и исклучително ниското ниво на шум. Последното дозволува превоз на товар во градовите во ноќно време.

Вклучувањето на Volvo Vera кон облачниот сервис дава можност и за точна контрола на движењето на товарот, па на тој начин многу компании можат да го намалат обемот на резерви од даден вид стока.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK