Во пресрет на премиерата “фатен” новиот Peugeot 208

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на светската премиера на втората генерација на Peugeot 208 закажана за во март на саемот во Женева, на интернет се појави првата слика од изгледот на овој мал градски автомобил.

Како што и се очекуваше од претходно, новата, втора генерација на Peugeot 208 во целост ја има дизајнерската филозофија применета кај Peugeot 508 кој премиерно беше претставен на минатогодишнио саем во Женева.

Така, новата генерација на Peugeot 208 доаѓа со нова предна маска како и нови LED предни светла со две странични линии кои се спуштаат вертикално кон предниот браник, а кои слушат за дневно амбиентално светло. Во внатрешноста ќе бидат преземени и неколку ентериерни детали од Peugeot 508, а оваа генерација на Peugeot 208 за разлика од претходната доаѓа и со најновата генерација на инфотејнмент на Peugeot.

Покрај основната изведба, 208 следната година ќе дебитира и во електрична изведба, а засега е нејасно дали ќе има и GTi изведба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK