Во Америка возилата ќе почнат да „штедат“ дури од 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Авто производителите во САД добија големо олеснување од Националната Администрација за безбедност на сообраќајот (NHTSA), откако решија да го одложат законот за зголемување н аказните доколку возилата не се во согласност со регулативите за просечната потрошувачка.

Според првичната најва NHTSA сакаше да ги зголеми казните од сегашните 5,5 долари на 14 долари за секој 0,1 мпг што автомобилскиот производител нема да успее да биде со согласност со штедењето во потрошувачката, и тоа помножено со бројот на возила што се произведени во текот на годината.

Според некои извештаи ова требало да се применува при пресметката за сите произведени возила од моделската 2015 и тоа беше посочено во службениот весник од 5 јули.
Нормално, производителите протестира бидејќи се опфатени возила што се веќе произведени и продадени, и за кои тогаш немало поставени стандарди. Сега NHTSA го смени правилото и наместо од 2015 со овој пропис ќе бидат опфатени возилата што ќе бидат произведени од моделската 2019 година. Ова е направено со оглед на фактот што производителите многу однапред имаат планови кои треба да ги исполнат, и дека веќе се реализираат плановите за моделската година 2018.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK