Вака би можело да изгледа новата Skoda Octavia

ОБЈАВЕНО НА:

Откако претходно беше потврдено доаѓањето на новата генерација на Skoda Octavia, а на саемот во Париз објавен концептот Skoda Vision RS, влијателниот германски магазин AutoBild објави неколку нови рендери кои покажуваат како би можело да изгледа новата генерација на Octavia.

Новата четврта генерација ќе ја користи платформата и технологијата на идниот VW Golf VIII, а Octavia ќе има и најпростран авнатрешност во својата класа. Во понудата ќе има караванска Combi верзија. Судејќи од најновите објавени фотографии, предниот дел многу потсетува на концептот на Skoda, Vision RS кој е претставен на саемот во Париз.

Новата генерација ќе порасне во должина и тоа од 466 cm на 470 cm. Ова зголемување ќе придонесе и за зголемување на капацитетот на багажниот простор кој ќе се движи од 590 литри кај седанската изведба до неверојатни 1.740 литри кај комбо изведбата со спуштена задна клупа.

Å koda Octavia

Гамата на мотори што може да се очекува се бензински каде би требало да бидат: 1.0 L трицилиндричен со 115 КС, 1.5L со 150 КС, 2.0L со 197 КС и 2.0L so 292 КС, како и спортска Octavia RS. Во однос на дизелските агрегати ќе бидат достапни: од 1.5 до 2.0 со 95, 122, 163 и 190 КС. Ќе има и хибридна верзија со 1.5L бензинец од 150 КС и електромотор.

Инаку четвртата генерација треба да ја замени постоечката која е лансирана во 2012 година. Се очекува да биде лансирана кон крајот на следната година, иако пред неколку месеци AutoBild пишуваше дека тоа ќе се случи кон крајот на 2020 година. Покрај европскиот пазар каде бележи одлични продажни перформанси, овој модел на Skoda ќе биде лансиран и на кинескиот и индијскиот пазар каде во наредните неколку години Skoda ќе се обиде да добие што е можно повеќе од пазарниот колач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK