Успешно деби за Focus – продадени над 40.000 автомобили за само 8 месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Успешно деби за најновата генерација на Ford Focus. Автомобилот кој е развиван како европски адут во класата за само осум месеци е продаден во 42.100 примероци.

Ова во целост ги постигна очекувањата на американскиот производител кој со овој модел значитело ја зголеми конкуренцијата во сегментот каде со децении владее VW Golf.

Задоволството од овие резултати не ги крие ниту програмскиот инжинер Глен Гулд кој ја објави сатисфакцијата од задоволните клиенти. Покрај продажните бројки и задоволните купувачи, за тоа дека Focus е повеќе од само обичен хечбек говорат и бројните награди.

Така досега овој автомобил е избран за автомобил на годината во Хрватска и Финска, а е номиниран и за автомобил на годината во речиси сите преостанати европски земји. Покрај овие награди, овој автомобил во изминатите месеци доби бројни различни награди како онаа за најдобар компактен автомобил во Бугарија, BusinessCar наградата во Велика Британија, Семеен автомобил на годината во Шкотската и многу други што се доказ, а воедно и предупредување за новата генерација на VW Golf која ќе ја видиме следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK