Удобна и сигурна: Kia Stinger доби пет ѕвездички за безбедност

ОБЈАВЕНО НА:

Тестирањето на Еuro NCAP покажа одлични резултати за Kia Stinger, а тоа значеше и доделување на пет ѕвездички за безбедност на возилото. Според резултатите процентот на безбедност беше дури 93 така што овој рејтинг овозможи возилото да добие висока оценка што секако ќе значи многу за потенцијалните купувачи.

Kia Stinger со овие резултати не само што се промовира како спортски седан, туку и како едно од најбезбедните возила во моментов. Овој автомобил има двоен турбо V6 мотор со 3,3 литри и 365 коњски сили, како и вртежен момент од 376 Nm. Со возење на погон на сите тркала до 100 км/ч може да се дојде до пет секунди, а максималната брзина која ова возило може да ја достигне е 269 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK