Toyota отповикува уште над 160.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Откако претходно објави дека на неколку пати ќе повлече над 2 милиони автомобили, Toyota е уште пред еден предизвик.

Како што соопштува самата компанија, во наредниот период ќе бидат повлечени над 168 илјади возила поради можност од неисправни воздушни перничиња. Со ова одлука опфатени се пик-ап и теренски возила како и автомобили кај кои постои ризик од неактивирање на воздушните перничиња во случај на судар.

Јапонскиот производител соопштува дека ќе бидат повлечени моделите Tundra произведени во последните две години, теренското возило Sequoia како и седанската изведба на Avalon наменета за американскиот пазар.

Од компанијата додаваат дека сите сопственици ќе бидат навремено известени, а компанија ќе изврши ажурирање на софтверот за водушни перничиња кај локалните дилери што значи целата постапка ќе биде релативно брза. Овој процес на повлекување се очекува да започне на 22 октомври.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK