Тизер фото од новиот Tesla Model Y

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Илон Маск објави дека новиот модел Y премиерно ќе биде претставен на 15 март наредната година, на интернет, американскиот производител објави тизер фотографија од овој нов модел на Tesla.

Маск најави дека моделот Y ќе биде далеку попопуларен од моделот 3, а цената би се движела помеѓу онаа на моделот 3 и моделот S. Со овој модел, Tesla ќе им конкурира на Jaguar I Pace, BMW iX3 и Mercedes-Benz EQC.

За сега нема многу информации околу техничките карактеристики на моделот. Истите се очекуваат да бидат познати кон крајот на оваа година, но многумина очекуваат ова да биде најнапредниот теслин модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK