Заради Дизелгејт останале непродадени возила вредни 5,3 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Побарувачката за возила со дизелски мотор во Германија е намалена до тоа ниво што дилерите имаат автомобили на лагер во вредност од 5,3 милијарди долари. Никој не сака да купува возило што не ги задоволува најновите еколошки стандарди, а они ешто имаат постари автомобили сериозно размислуваат за нивно продавање или пак користење на некој субвенција од производителот, што може да биде и над 10.000 евра во зависност од моделот што би го купиле.

На почетокот на месецов Volkswagen, Daimler и BMW се согласија да „поправат“ 5 милиони возила што се најмногу погодени од загадувањето, и плус да одобрат дополнителни субвенции за оние што сакаат да купат нов еколошки поприфатливо возило. Но, според Барбата Хендрикс, министерката за животна средина во Германија овојплан за поправање на спорните софтвери во возилата нема да биде доволен за задоволување на барањата за нивото на азотни оксиди во градовите.

По избивањето на дизелгејт за намалува побарувачката за дизелски возила во Германија, а 29 отсто од они ешто имаат вакви автомобили изјавиле дека размилсуваат да ги продадат што е можно побрзо плашејќи се дека ќе им падне цената. Дури 77 отсто од дилерите на автомобили морале да ги намалат цените на возилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK