За сопственици на електрични возила – бесплатен паркинг, регистрација, полнење…

ОБЈАВЕНО НА:

Освен субвенциите кои секако ќе играат важна улога некои земји се обидуваат да ги убедат своите сограѓани да купуваат електрични возила давајќи им различни бенифиции. Ако сте жител на Дубаи тогаш ќе имате повеќе причини да купите електрично возило.

Властите на Дубаи викендов донеле одлука да ги ослободат сите електрични возила од трошоците за регистрација, и да добијат бесплатен паркинг во градот. Исто така и при секое следно регистрирање нема да се плаќа ништо, односно ќе биде без годишниот трошок. Ќе биде бесплатен и трошокот за користење на автопатиштата.

Како сопственик на електрично возило ќе добиете и бенифициран регистерски број, полесен за помнење, и слободен паркинг на 40 различни локации во градот што ќе бидат одредени до крајот на годинава.

Исто така до крајот на 2019 година сопствениците на електрични возило бесплатно ќе ги полнат батерии на 100 различни станици.
Во моментов има само 800 електрични возила во Дубаи, а планот е до 2020 година тие да бидат 2 отсто од вкупниот број возила, и 10 отсто до 2030 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK