За сечиј џеб: Peugeot ќе ги има најевтините електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Раководството на францускиот бренд Peugeot донесе одлука за производство на електромобили. Иако ова е задоцнета одлука, сепак, е сосема логична со оглед на динамичното развивање на електрификацијата на автомобилите, но тука има и еден друг интересен момент.

Според зборовите на генералниот директор на Peugeot, брендот ќе пушти на пазарот електрични возила, кои ќе може да си ги дозволи секој. На тој начин брендот ќе се издвои од другите производители на електромобили во светот. Сепак, уште нема точна информација за плановите на Peugeot во однос на електромобилите.

Се знае само тоа дека во прво време се планира серија од спортско ориентирани електрични превозни средства. Првите евтини електрични возила возила ќе се појават во 2020 година бидејќи за остварување на целта е потребна поголема екипа на лица кои се квалификувани за оваа работа, а таа во моментов се собира.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK