За полесно возење: Ова се десетте современи автомобилски технологии

ОБЈАВЕНО НА:

Современите автомобили се полни со секаков вид на електронски системи и уште многу други технологии, кои веќе се составен дел од нив. Турбокомпресори, директно вбризгување на гориво, активна суспензија, програма за стабилизирање, клима уред, адаптивен cruise control, автоматско светло, загревање на сите седишта и уште многу други работи.

Голем дел од овие нешта се појавија после 2000 година и веќе се интегрираат во доста побуџетски автомобили, но фантазијата на автомобилските инженери не престанува да работи.

Затоа во продолжение ќе имате можност да прочитате за десет нови технологии, кои почнаа да се имплементираат во автомобилите во последните десет години и постепено почнуваат да се воведуваат и во масовните возила.

1.Систем за автоматско експремно запирање

Уште во 1998 година Mercedes вградува ваков систем во својата S-Klasse, но таа едноставно лесно го забавува автомобилот и предупредува за скратување на растојанието.

Првите вакви системи се интегрираат во 2009 година во Mercedes E-Klasse W212, а после една година истите се монтираат и во Volvo, Volkswagen и Honda.

2.Автопилот

Комбинацијата од адаптациски cruise control и системот за следење на лентите одамна се нарекува „автопилот“. На практика тоа е второ ниво на автономија, но со добри обележувања врши одлична работа. Сè уште не може да се смета целосно на тој систем.

3.Матрикс и ласерски фарови

Колку подобро е осветлен патот во текот на ноќта, толку полесно и без проблеми е возењето. Фаровите не треба да го заслепуваат возачот на автомобилот од спротивна насока. Тоа станува целосно можно во 2013 година кога во Audi A8 се интегрират таканаречени матрикс фарови.

Во 2014 година првпат во моделите Audi R8 LMX и BMW i8 се вградени ласерски светла. Тие се најдоброто нешто кое е измислено досега во светот на технологиите за автомобилско осветлување.

4.Виртуелна иструмент табла

Во 1976 година ваков систем првпат бил вграден во Aston Martin Lagonda, а потоа многу од автомобилските брендови почнуваат да го користат ова решение. Тоа беа монохроматски екрани, со бројки како на дигитрон, а во некои од случаите дури и дисплеите беа составени од диоди во боја. Првиот нацртан брзинометар, сепак, се појавува во 2006 година на Mercedes S-Klasse (W221), а во 2010 година целосно дигитално табло се вградува во Lexus LFA.

5.Apple CarPlay и Android Auto

Револуцијата во навигациските системи, кои се значително подобри од претходните станува во 2014 година, кога се појавува Apple CarPlay. Благодарение на неа, освен навигацијата од телефонот, во автомобилот се појавуваат и сите други опции на смартфонот.

Првиот автомобил со интергриран Apple CarPlay е Ferrari FF. Аналогниот производ на Google се појавува една година подоцна и се вградува првпат во Hyundai Sonata, а тоа се случува во 2015 година.

6.Индуктивен смартфон на полнење

Погодностите, кои се случуваат на база на електромагнетната индукција се идеално дополнение кон користењето на Apple CarPlay и Android Auto, кои ги трошат многу батериите на смартфоните. Заборавете на досадните USB приклучоци за кабли и полначи од 12 волти. Едноставно ставете го телефонот на предвиденото место на централната конзола и тој почнува да се полни.

7.Бесконтактно отворање на багажникот

Овој екстра додаток се вградува првпат во 2007 година во Volkswagen Passat B7. Принципот на системот е поврзан со монтирањето на обемен сензор на долниот дел од задниот браник. За да не се отвора багажникот во непредивдени ситуации се наметнува монтирање на два сензора на различна висина. Тие работат во исто време од поставување на ногата на човекот под браникот.

8.Далечинско управување на автомобилот

Тука не станува збор да се вози автомобил на далечина туку за движење на возилото на многу кратко растојание со минимална брзина.

Идејата е да се паркира на многу тесно место, а технологијата е исклучително скапа во моментов и се интегрира во малку од премиум автомобилите. Првпат таков систем се вградува во 2015 година во седмата серија на BMW, означена со индекс G11/12.

9.Управување со гестикулации

Управувањето на автомобилот со гестикулации првпат се појавува во 2015 година во истата седма серија (G11/12), а една година подоцна се монтира и на „петката“. Даањето на гс или вртењето на воланот не е можно со гестикулации, но за сметка на тоа управувањето на инфо забавната мултимедија може да се случи само со помош на гестикулации.

10.Електричен инфлатор

Додека во ВMW го зголемуваа бројот на стандардните турбокомпресори и стигнаа до четири, во Audi решија да тргнат по друг пат. Во 2016 година специјалистите од Инголштат го претставија SQ7, кое прерасна во првиот автомобил во светот опремен со електричен компресор.

Бонус

Освен овие десет технологии, кои се појавија во последните десет години и како изгледа допрва ќе се вградуваат во уште повеќе модели, има и еден куп други кои во моментов не се толку популарни.
Такви се системите: за известување на заспивање на возачот (2011 година — Mercedes-Benz), трасирачки трепкачи (2012 г. — Audi), кругови за преглед со можност за создавање на 3D слика и синтетизатор за звукот од моторот (2011 г. — BMW), паметни бришачи со вградени грејачи (2012 г. — Mercedes-Benz), врати со електромеханичко затворање, спречување на секакво отворање при наближување на друг автомобил (2017 г. — Audi), а исто така и камери место странични ретровизори (2013 г. — Volkswagen).