За Microlino чекаат 8.000 купувачи – спремни да платат по 12.000 евра (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Micro Mobility Systems, компанијата која е управувана од браќата од Швајцарија Оливер и Мерлин се пофали со сериозна заинтересираност кон обновениот автомобил Isetta. Машината беше првпат покажана пред околу две години, а во скоро време ќе се најде на производствената линија со поддршка на Италијанците од Tazzari.

До крајот на 2018 година се предвидува дека ќе бидат направени 100 пробни возила, а следната година ќе бидат произведени уште 5000 примероци и се очекува ваква бројка да биде пуштена во продажба на секои 12 месеци. Во моментов има 8.000 купувачи подготвени да платат по 12.000 евра за овој автомобил.

Голем дел од формата на оригиналниот автомобил е зачувана и кај модерниот наследник. Дури и предната врата се отвора на истиот начин, додека пространството во кабината е малку поголемо.

Погонот е доверен на електромотор, а има две верзии на батерии со капацитети од 8 кВтч или 14.4 кВтч. Моќноста е 20 коњски сили, која дозволува движење со брзина од околу 90 км/ч. Забрзувањето од место до 60 км/ч е за приближно пет секунди, а тоа би требало да гарантира мирно движење низ градскиот сообраќај.

Доста атрактивна е цената на ова возило. Стартната сума, за која можете да ја купите обновената Isetta, е 12.000 евра, но за неа добивате доста ограничена опрема. Се предлагаат осум пријатни бои со имиња како Amsterdam Orange, Paris Mint и Barcelona Brown.

Доставувањето на првите склопени примероци се очекува во септември годинава, а стартот ќе биде означен во Швајцарија. После ова е планирано поетапно влегување во Германија, како и во другите земји од Европа во 2019 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK