За 2 милиони возила забранет влез во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Градските власти на Париз како дел од борбата против загадување забранија возење на автомобили регистрирани пред 2000 година. Според новата регулатива, сите автомобили мораат да имаат налепница на која има шест категории, вклучувајќи ја и годината на производство на возилото, енергетската ефикасност и количината на издувни гасови.

Околу 6 отсто од вкупно 32 милиони регистрирани возила во Франција спаѓаат во спорната категорија, н автомобили произведени во периодот од 1997 до 2000 година. Тие нема да може да влезат во Париз.

Возилата регистрирани пред 1997 година како и камионите и автобуси произведени пред 2001 година не спаѓаат во ниту една категорија. Тоа значи дека воопшто нема да може да се појават на улиците на Париз од понедленик до петок во периодот од 8 наутро до 20 часот навечер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK