VW и Mercedes ги покажаа најновите возила за итна помош

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen и Mercedes има што да понудат и кога се во прашање возилата за итна помош. Во рамките на RETTmobil настанот кој традиционално се одржува во германскиот град Фулда, VW и Mercedes претставија неколку возила за итна помош.

Најпривлечно возило беше најновиот SUV на VW, T-Roc кој беше во улога на екипно возило за итна интервенција за спасување. Покрај овој модел, германскиот производител ги претстави и возилата наменети за полицијата кои ги вклучуваа моделите на Golf и супер моќниот Arteon.

Тука беше и амбулантното возило Sharan.

Импресивна изведба имаше и Mercedes кој настапи со амбулантното возило Sprinter, специјализираното противпожарно возило Unimog како и GLC 350e во хибридна изведба, наменето како асистенција на првата помош. Покрај овие возила, овој германски производител ги претстави Vito и камионот за помош Atego.

Инаку на овој настан со свои возила за итни интервенции претставија и BMW и Opel. Првиот, настапи со X1, караванската изведба на серија 3, неколку мотоцикли, а беше претставено Mini возило. Вториот германски производител ја претстави Insignia во асистентно возило за спасување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK