Volvo XC40 се поблиску до промоција – се тестира во Шпанија

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот најмал СУВ на Volvo, што ќе ја имa ознаката XC40 повторно е фатен за време на тестирање овојпат во Гранада, Шпанија што покажува дека моделот е во завршна фаза на подготовка.

Слично како и претходно, и овојпат XC40 е добро замаскиран, со дебели црни панели на поголемиот дел од сакајќи на тој начин да се задржи идентитетот на моделот и да не се видат клучните детали.

Моделот ќе ја користи платформата на Volvo, наречена CMA исто како и другите модели од серијата 40, вклучувајќи ги новиот S40 и V40. Со појавувањето на XC40, Volvo сака да понуди ривал на моделите Mercedes Benz GLA, BMW X1 и Audi Q3.

Замаскираните делови сепак укажуваат на некои нови детали во надворешниот изглед, а највпечатливи се новите светла. Истовремено од претходните папарацо фотографии може да се забележи дека и внатрешноста ќе има некои детали, како едноставна инструмент табла, волан со три крака и нов инфозабавен систем.

Во однос на моторите се очекува Volvo да го понуди и новиот 1.5 литарски три цилиндричен мотор, заедно со различна понуда на четири цилиндрични и пет цилиндрични мотори, бензински и дизелски.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK