Volvo со уникатен филтер за безбедно набљудување на сонцето

ОБЈАВЕНО НА:

Северноамериканскиот оддел на Volvo најави дека компанијата го проектираше првиот во свет филтер, кој ќе им овозможи на сопствениците на целосно новата генерација на моделот XC60 да го набљудуваат целосното затемнување во Северна Америка на 21 август.

Специјалниот филтер (XC60 Panoramic Moonroof Eclipse Viewer, ISO- сертифициран материјал 12312-2) е наменет за монтажа на панорамскиот стаклен кров на XC60, со прицврстување преку магнетна рамка. Ограничен број од монтажните ќе бидат достапни во дилерската мрежа на Volvo во Орегон, Ајдахо, Небраска, Мисури и Јужна Каролина.

Повеќе за затемнувањето на сонцето на следниот линк

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK